AICA Македонија
По распаѓањето на југословенската секција на AICA на почетокот од 1990-те години, членовите од Македонија го формираат Македонското здружение на ликовни критичари, кое официјално станува Секција на Меѓународното здружение на ликовни критичари на конгресот во Порто Рико на 2. 10 1993 година.
AICA Македонија е невладино граѓанско здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на современата и модерната уметност. Во согласност со матичната асоцијација на AICA, основните цели на Здружението се:
- Промовирање и унапредување на методите на ликовната критика;
- Одбрана на етичките и професионалните интереси на членовите;
- Поттикнување на професионални односи надвор од политичките, етничките, верските и економските ограничувања;
- Бранење на слободата на мислење и спротивставување на секаква цензура.
Инфо
Политичките и сексуални режими на архивата
Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’ и Институтот ’Евро-Балкан’, Скопје ве покануваат на
- Отварање на шведската ЛГБТ изложба: ’Член 1 и Музеј Нестрејт’ и
- Интернационална дводневна конференција: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата
