aica international

Меѓународното здружение на ликовни критичари (Association Internationale des Critiques d’Art – AICA) е невладина организација, основана во 1948-9 под патронат на UNESCO. Целта на Здружението е да ја подржува ликовната критика во сите нејзини форми и насекаде низ светот, како и да биде постојано во тек со промените на различните критички дисциплини.

Централата на AICA, којашто се наоѓа во Париз, ги претставува и ги промовира активностите на над 4.500 члена на Здружението, групирани во 64 различни секции во светот. Управата на Здружението се финансира во целост од членарината на редовните и почесните членови и патроните на AICA.

Кон крајот на четириесеттите години на минатиот век, кога многу училишта и различни движења во уметноста беа во процут, група на уметнички критичари, историчари на уметноста и педагози, како и куратори од музеи на модерна уметност, организираа два Конгреси во канцелариите на УНЕСКО (1948 и 1949). Нивната цел беше да се споредат нивните погледи и размислувања во врска со професијата уметничка критика, да се анализира нивната одговорност во однос на уметниците и јавноста, и да ја претстават посебната природа на нивниот придонес во развојот на областа на историјата на уметноста. Меѓу повиканите од целиот свет, учествувале и најпрестижните имиња на тоа време: André Chastel, Jorge Crespo de la Serna, Pierre Courthion, Charles Estienne, Chou Ling, Miroslav Micko, Sergio Milliet, Marc Sandoz, Gino Severini, James Johnson Sweeney, Albert Tucker, Lionello Venturi, Eduardo Vernazza, Marcel Zohar, Paul Pierens, Herbert Read и други.

По овие два меѓународни конгреси на УНЕСКО, во 1950 година беше основана Меѓународната асоцијација на уметнички критичари (AICA), а во 1951 година беше признаена во рангот на невладини организации. AICA опфаќа различни експерти, кои сакаат да развиваат меѓународна соработка во областите на уметничкото творештво, и во ширење на културниот развој.

AICA опфаќа околу 4.500 професионалци од околу 70 земји од целиот свет, организирани во 64 национални секции, како и Оpen Section. AICA е добро застапенa во сите делови на Европа, Австралија, Северна и Јужна Америка и на Карибите. Таа има многу активни национална секции во Блискиот Исток и азиските земји (Израел, Сингапур, Јапонија, Хонг Конг, Пакистан), а голем број на африкански секции се формирани во последниве години. Во изминатите десет до петнаесет години, Годишните конгреси се одржаа во места како што се Кариби, Хонг Конг, Љубљана, Макао и Токио, како и во Европа. Последните меѓународни конференции организирани од страна на AICA се одржале во Дакар (јули 2003) и Истанбул (септември 2003), Адис Абеба (јануари 2006), Кејп Таун (ноември 2007) и Скопје (мај 2009).