aica македонија

По распаѓањето на југословенската секција на AICA на почетокот од 1990-те години, членовите од Македонија го формираат Македонското здружение на ликовни критичари, кое официјално станува Секција на Меѓународното здружение на ликовни критичари на конгресот во Порто Рико на 2. 10 1993 година.

AICA Македонија е невладино граѓанско здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на современата и модерната уметност. Во согласност со матичната асоцијација на AICA, основните цели на Здружението се:

  • Промовирање и унапредување на методите на ликовната критика;
  • Одбрана на етичките и професионалните интереси на членовите;
  • Поттикнување на професионални односи надвор од политичките, етничките, верските и економските ограничувања;
  • Бранење на слободата на мислење и спротивставување на секаква цензура.

Прв претседател од основањето на Здруженито во 1993. до 1996., и потоа негов почесен претседател е проф. др Борис Петковски (1931-2005). Во периодот 1996/2006, со Здружението претседава Викторија Васева Димеска, од 2006 до 2008 мандатот му е доверен на Зоран Петровски, а од 2008 до 2013 година Здружението го води Дејан Буѓевац. Од 2013 со Здружението претседава Мира Гаќина заедно со Јане Чаловски – потпретседател, Јованка Попова – секретар и Нада Пешева- благајник.

Од основачките 10 члена, AICA Македонија денес брои 32 члена.

Програмските цели на актуелното претседателство на AICA Македонија се насочени кон

  • потесна и ефикасна соработка на членството во афирмацијата на значењето на професијата во општесвото и во неговите културни текови;
  • интензивирање на меѓународната и посебно регионалната соработка;
  • подобрување на меѓусебната информираност на членството;
  • организирање или учество во реализацијата на изложби, издавањето публикации, трибини, конференции и предавања.