Драги колеги,

Ве известуваме дека Годишното Собрание на АИКА Македонија ќе се одржи на 15 февруари 2024 (четврток) со почеток од 12:00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.

Истовремено напоменуваме дека оваа година собранието е изборно, па вашето присуство ќе биде од голема важност.

Нацрт – дневен ред на состанокот:

1. Отворање на состанокот;

2. Информација за тековната состојба на здружението, годишната програма на АИКА во 2023 и планираните активности на АИКА Македонија за 2024 година;

3. Информации од собранието на AICA International

4. Избор на нови членови

5. Избор на претседател на здружението

6. Разно.