aica international

Меѓународното здружение на ликовни критичари (Association Internationale des Critiques d’Art – AICA) е невладина организација, основана во 1948-9 под патронат на UNESCO. Целта на Здружението е да ја подржува ликовната критика во сите нејзини форми и насекаде низ светот, како и да биде постојано во тек со промените на различните критички дисциплини.

Кон крајот на четириесеттите години на минатиот век, кога многу училишта и различни движења во уметноста беа во процут, група на уметнички критичари, историчари на уметноста и педагози, како и куратори од музеи на модерна уметност, организираа два Конгреси во канцелариите на УНЕСКО (1948 и 1949). Нивната цел беше да се споредат нивните погледи и размислувања во врска со професијата уметничка критика, да се анализира нивната одговорност во однос на уметниците и јавноста, и да ја претстават посебната природа на нивниот придонес во развојот на областа на историјата на уметноста. Меѓу повиканите од целиот свет, учествувале и најпрестижните имиња на тоа време: André Chastel, Jorge Crespo de la Serna, Pierre Courthion, Charles Estienne, Chou Ling, Miroslav Micko, Sergio Milliet, Marc Sandoz, Gino Severini, James Johnson Sweeney, Albert Tucker, Lionello Venturi, Eduardo Vernazza, Marcel Zohar, Paul Pierens, Herbert Read и други.

По овие два меѓународни конгреси на УНЕСКО, во 1950 година беше основана Меѓународната асоцијација на уметнички критичари (AICA), а во 1951 година беше признаена во рангот на невладини организации. AICA опфаќа различни експерти, кои сакаат да развиваат меѓународна соработка во областите на уметничкото творештво, и во ширење на културниот развој.

Централата на AICA, којашто се наоѓа во Париз, ги претставува и ги промовира активностите на над 5000 професионалци од околу 95 земји од целиот свет, организирани во 63 национални секции, како и Оpen Section. Управата на Здружението се финансира во целост од членарината на редовните и почесните членови и патроните на AICA.

AICA е добро застапенa во сите делови на Европа, Австралија, Северна и Јужна Америка и на Карибите. Таа има многу активни национална секции во Блискиот Исток и азиските земји (Израел, Сингапур, Јапонија, Хонг Конг, Пакистан), а голем број на африкански секции се формирани во последниве години. Во изминатите десет до петнаесет години, Годишните конгреси се одржаа во места како што се Кариби, Хонг Конг, Љубљана, Макао и Токио, како и во Европа. Последните меѓународни конференции организирани од страна на AICA се одржале во Дакар (јули 2003) и Истанбул (септември 2003), Адис Абеба (јануари 2006), Кејп Таун (ноември 2007) и Скопје (мај 2009).

Целите на AICA

Главните цели на AICA малку се променија со текот на годините. Сепак, тие беа редефинирани во ноември 2003 година, за дополнително да се нагласи глобалниот досег на Здружението, нејзините меѓукултурни амбиции и нејзиниот интердисциплинарен пристап. Како што е моментално наведено, главните цели на AICA се:
– да ја промовира ликовната критика како дисциплина и да придонесе за нејзината методологија;
– да ги штити етичките и професионалните интереси на своите членови и да соработува во одбраната на нивните права;
– да одржува активна меѓународна мрежа за своите членови, со помош на достапни технологии и поттикнување на средби лице в лице;
– да придонесе за меѓусебно разбирање на визуелните уметности и естетиката во сите култури;
– да стимулира професионални односи преку политички, географски, етнички, економски и верски граници;
– да се брани непристрасно слободата на изразување и мисла и да се спротивстави на произволната цензура.

Квалификации за членство во AICA

Кандидатите се избираат од нивните колеги. За да се квалификуваат, тие мора да достават докази за постојана активност во текот на претходните три години, во една или повеќе од следниве области:
– Дневен/периодичен печат или емитување на радио, ТВ или видео, или во електронски медиуми;
– Објавување на дела од историјата на уметноста, естетика или критика;
– Настава по уметничка критика, историја на уметност, естетика, курирање или уметност, на повисоко или терцијарно ниво;
– Кураторска работа и анализа за образовни или научни цели, вклучително и производство на научни или критички за музеи или галерии, чија главна цел не е суштински комерцијална.

Општо

Сместена на раскрсницата на културите, AICA, чија главна цел е да и служи на современата креативност, сега е во подобра позиција од кога било да ја види нејзината улога и нејзините активности да се зголемуваат низ целиот свет, благодарение на ширината на нејзината застапеност и контактите што ги одржува .