Билјана Исијанин
Авторот прави осврт на феноменот на јавната сфера (…)
Изданието Субверзивните уметнички дејствувања: од Ulay до Banksy на Билјана Исијанин го истражува клучното прашање што се наметнува во современото општество во сферата на културата и уметноста, а тоа е дали уметноста може да се разгледува како место од каде може да започне промена во општествениот живот во кој доминира концентрацијата на моќ. Авторот прави осврт на феноменот на јавната сфера како простор во кој може да се дејствува субверзивно, а го истражува и односот на уметноста, отпорот и слободата. Особено се задржува на уметноста во живо и прави релација со графити уметноста, фокусирајќи се на делото на Ulay и Banksy. Во изданието е објавено и интервју со Ulay во врска со оваа тема.
Изданието е дел од проектот на ЦСЈУ Елементи, СТАВ 2015 и беше подлога за креирање и реализирање на целиот настан, кој меѓу другото, го постави проблемот на привилегираната улога на уметникот во општеството и начините на кои може да се дејствува во насока на промена на унифицираниот систем на вредности преку активната улога на уметникот и културниот работник.
Издавач: “Центар за современи јавни уметности Елементи“, Битола 2015; 73 стр., илустрации во боја; ограничен тираж, дистрибуција преку контакт со издавачот.