AICA Македонија ги кани членовите на здружанието на редовниот годишен Симпозиум 2024 на 19.11.2024, вторник, 13.00 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам.
Во почетниот дел од Симпозиумот, годинешниот добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“, Илија Прокопиев ќе го презентира и одбрани истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме).“
Во главниот дел од Симпозиумот ќе се оддржи дискусија на горливите теми кои ја тангираат професијата. За координатор на ова издание на Симпозиумот ја поканивме нашата колешка и членка, д-р Натали Рајчевска Павлеска да концептуализира одреден фокус. Темата која таа ја предложи гласи „Предадена или (оп)круж(е)на маса? Потрага по моделот: „Жива слика“ [tableau vivant] или гласот на критиката?.“
Оттука, дискурсот на годинешниот симпозиум се повикува на постојните „критики на критиката“ во поширок теоретски и практичен контекст, поставувајќи ги можните паралели за согледување на настанувањето и настојувањето на кризата и кај нас, преку обидите за лоцирање на специфичните причини за нејзиното т.н. „исчезнување“ додека (сè уште) постои“.
На симпозиумот како главни говорници со свои излагања на темата покрај координаторот, ќе се обратат и:
1. Викторија Васева Димеска со темата „Неколку цртички за ликовната критика“
2. Д-р Мелентие Пандиловски, „Уметничката критика во третата деценија на дваесет и првиот век“ и
3. Маја Чанкуловска – Михајловска, „Реконструкција или без систем? (некои предлози за практични делувања).“
По завршување на обраќањата на координаторот и говорниците кои ќе ја постават основата за дискутирање, веруваме дека ќе се иницира отворена и продуктивна дебата за изнаоѓање на вистински насоки за идно поактивно функционирање и на АИКА и на македонската критика воопшто.