Годишно собрание ќе се одржи на 21 октомври (петок) со почеток од 10:30 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.

 Нацрт – дневен ред на состанокот:

1. Отворање на состанокот;

2. Информација за годишната програма на АИКА во 2021 и 2022. и планираните активности на АИКА Македонија за 2023 година;

3. Информација за тековната финансиска состојба на здружението

6. Предлог за кандидатура на нови членови на АИКА Македонија;

7. Разно. 

Во однос на предлогот за кандидатура на нови членови, ве молам да приложите отпечатена биографија на членот кој сметате да го предложите.

По завршувањето на собранието, а со почеток од 12 часот, ве покануваме да присуствувате на годишниот симпозиум на AICA Македонија кој го организираме во соработка со АИКА хрватска и Културно социјален простор Центар-Јадро и со финансиска поддршка од AICA international и Министерство за култура. 

Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Curating the public, curating the common“ конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски, со учесниците Јане Чаловски и Биљана Тануровска – Ќулавковски, Силва Калчиќ и Ивана Мештров (Хрватска), Маја Чириќ (Србија) и овогодинешната добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“, Клелија Живковиќ.