Жирито за доделување на наградата за Поттик на критиката за 2025 година ги објави добитниците на наградите.
Наградата е спроведена преку Меѓународен отворен повик на AICA за 2025 година: Награда за поттик на критиката, на тема Imaging / Shaping / Re-Thinking the Global South through Art која кореспондира со насловот на Меѓународниот конгрес на AICA: Јоханесбург, Јужна Африка, 27-31 октомври 2025 година. Повикот за учеството е без условеност на возрасната граница, за критичари од широки области кои пишуваат и објавуват критички текстови во сите медиуми (весници, списанија, телевизија, радио, интернет). Висината на паричните награди: е 1000 евра | 500 евра | 250 евра. Пишувачкиот формат е есеј од 2000-3000 зборови на англиски јазик (Microsoft WORD, не PDF) со кратка биографија, вклучувајќи ја националноста на авторот, работното место и е-поштата.
Тоа што од името на AICA Македонија сакаме со особено задоволсто да го нагласиме е дека еден од 12-членотo жири за Наградата е нашата колешка Натали Рајчиновска-Павлеска.
AICA Македонија го поздравува мотивирачкиот карактер на Поттикот на критиката и го повикува своето членство за учество во иднина во конкуренцијата за оваа награда.
Повеќе за наградените и нивните есеи најдете на овој линк: