Со цел афирмација на современата уметничка критика и поддршка на автори кои придонесуваат за нејзиниот развој, AICA Македонија неодамна ја инаугурира националната награда „Борис Петковски“, посветена на истакнатиот историчар на уметност, критичар, теоретичар и професор Борис Петковски, чиј труд и визија имаат трајно значење за македонската уметност и критичка мисла. Петковски е и оснивач на македонската секција на AICA.
Како резултат на гласањето на членовите, АICA Македонија им ја доделува Наградата „Борис Петковски“ за 2025г. за исклучителни достигнувања во областа на уметничката критика, теорија и истражувачка работа на:
Соња Абаџиева Димитрова – за континуирана дејност и исклучителен придонес во областа на уметничката критика.
д-р Мелентие Пандиловски – за најдобар критички текст, односно за текстот „Светот на Ариел Хасан: Помеѓу Барт, феноменологијата и постфеноменологијата“, посветен на проектот „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ од авторот Ариел Хасан.
Викторија Васева Димеска – за најдобар теоретски или истражувачки труд, за текстот „Скриените фантазми“ објавен во монографијата за Анета Светиева.
Со искрена благодарност за нивниот придонес во развојот и унапредувањето на современата критичка мисла, топло им честитаме на сите добитници!