Истражувачки проект на Владимир Јанчевски награден на конкурсот за Годишната награда „Ладислав Баришиќ“ за 2019 година на Здружението на ликовни критичари AICA Македонија
Владимир Јанчевски
Политички слики после смртта на уметноста: Фотомонтажните интервенции како релевантна политичка акција и нивната дисеминација во медиосферата
Уметноста во современата медиосфера
Еден од главните проблеми околу уметноста е, всушност, разбирањето и прифаќањето на нејзината политичка димензија, односно специфичниот однос на естетското и етичкото од една страна, и констативното и проективното од друга. Сепак, денес, без разлика на медиумските, стилските, стратегиските, политичките определби и особености, или паралелното постоење на различни традиции, на сè поголем број луѓе им станува јасно дека уметноста, директно или индиректно, експлицитно или имплицитно, е политичка. Всушност, иако концептот уметност е историски строго ограничен, сепак по инерција и речиси неизбежно сè уште сме во ситуација еден дивергентен збир на визуелни и перформативни практики да ги определуваме како дел од специфичен свет на уметноста, наместо како составен дел од проширеното поле на визуелна култура.
Текстот во целина превземете го во ПДФ: Владимир Јанчевски, Годишна награда AICA-Македонија 2019