Во издание на Коалиција МАРГИНИ публикуван зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“, во уредништво на Славчо Димитров и Мања Величковска.

Овој интердисциплинарен зборник истражува на кој начин родот и сексуалноста се појавуваат, се премолчуваат, но и се пробиваат во македонската култура, од народното творештво и етнографијата, преку современата книжевност, до визуелните и изведувачките уметности, филмот и популарната култура.

Книгата обединува нови текстови напишани специјално за ова издание, како и значајни студии кои повторно се враќаат во јавна и академска циркулација. За првпат се објавуваат истражувачки трудови на Ана Мартиноска, Инес Црвенковска-Ристеска, Калина Малеска, Јованка Попова, Славица Србиновска и Душица Лазова.